Медиасет.мк

Медиасет

Расте невработеноста во Велика Британија

Невработеноста во Велика Британија расте со најбрзо темпо меѓу 38-те најбогати земји во светот, соопшти Конгресот на синдикатите (TUC).

Се додава дека секој регион на Велика Британија е погоден од зголемената невработеност и падот на слободните работни места. Утврдено е дека од споменатите 38 земји, само Костарика има сличен пораст на бројот на луѓе кои останале без работа од почетокот на јануари до крајот на март.

Од споменатата синдикална организација наведуваат дека податоците илустрираат специфична состојба на пазарот на труд со работодавачи кои не можат да најдат работници со соодветно знаење и зголемен број на невработени. TUC, исто така, очекува дека податоците од Канцеларијата за национална статистика (ONS), кои ќе бидат објавени во вторник, ќе покажат натамошен пораст на невработеноста во последните месеци, што може да ја оспори пораката на британскиот премиер Риши Сунак дека економијата силно расте.

Од друга страна, ОНС минатиот месец потврди дека економијата излезе од минатогодишната рецесија, со раст од 0,6 отсто во првиот квартал од годинава, а анкетите покажуваат и зголемување на нивото на доверба во изгледите за економски раст.

Довербата на потрошувачите исто така се зголеми оваа година како одговор на зголемените нивоа на просечниот расположлив приход. Сепак, работодавачите наведуваат дека и покрај закрепнувањето на економијата, се обидуваат да го намалат бројот на вработени, пишува Гардијан.

На почеток
error: