Медиасет.мк

#ТРЕНД

Разводот на внукот на кралицата, Питер Филипс, стигна до суд


Скарлет Јохансон им се придружи на острите критики кон телото што стои зад наградите „Златен глобус“ во врска со тоа како планира да се справи со дискриминацијата.

Актерката во саботата со изјава го осуди Здружението на странските новинари во Холивуд (ХФПА) и ги повика нејзините колеги да ѝ се придружат во прекинот на соработка или каков било ангажман за свеченоста „Златен глобус“.

Таа се осврна на претходни средби со ХФПА, кои, според неа, биле на граница на сексуално вознемирување и рече дека Здружението го озакониле луѓе како Харви Вајнштајн.

Ѕвездата од А-листата ги охрабри своите колеги на сличен начин да се повлечат од соработката со ова тело.

Здружението на странските новинари во Холивуд (HFPA), организатор на наградната церемонија, оваа година доби многу критики за недостиг на диверзитет и за нетранспарентност во работата.

Претходно оваа недела, телото гласаше за реформи за проширување на своето членство.

Но, Јохансон е меѓу sвездите како и други фигури во забавната индустрија, кои велат дека сè уште има потреба од фундаментална реформа.

„Златните глобуси“ се на второ место по „Оскарите“ што се однесува на профилот, но организаторите се обвинети за дискриминаторски практики и други етички пропусти.

Во февруари статија во „Лос Анџелес тајмс“ откри дека меѓу 87-те члена на организацијата што гласаат за наградите нема Афроамериканци.

Оваа недела HFPA најави пакет-реформи во обид да ја прикаже својата заложба да ја направи организацијата поинклузивна.

Реформите вклучуваат проширување на членството, со акцент на регрутирање членови Афроамериканци, и ангажирање советници за диверзитет. Исто така, најави промени во однос на тајноста и строгите правила за прием.



Трендинг

На почеток
error: