Медиасет.мк

Медиасет

Ријана го напушти Лос Анџелес по пукање во близина на нејзината вила

Поп-ѕвездата и претприемачка Ријана го напушти Лос Анџелес со приватен авион откако жена беше обвинета за обид за убиство по пукањето кон нејзиниот дом во Беверли Хилс.Според снимките објавени од агенцијата Ројтерс, Ријана со својата придружба со автомобил се упатила кон приватниот дел на аеродромот Ван Најс, кратко време по инцидентот пред нејзината резиденција.На видеото се гледаат луѓе и полициски возила пред куќата на пејачката, додека полицијата ја обезбедувала улицата. Во меѓувреме од куќата биле изнесувани куфери и други лични работи, што дополнително ја зголемило напнатоста на местото на настанот.Ријана потоа била пренесена со мал приватен авион со два мотора, но засега не е познато дали заминувањето било директно поврзано со пукањето или станува збор за претходно планирано патување.Инцидентот во Беверли Хилс бил регистриран и во аудио-запис од службата за итни случаи. Во снимката, до која дошол британскиот весник „Дејли мејл“, се слуша како диспечерите пријавуваат дека кон куќата биле испукани десет куршуми.Според полициските информации, Ријана во моментот на нападот се наоѓала во својот дом.Осомничената е идентификувана како 35-годишната Ивана Ортиз од Флорида. Таа е обвинета за обид за убиство и е задржана во притвор со кауција од 10,2 милиони долари.Според истрагата, Ортиз управувала бел автомобил „Тесла“ неколку минути по инцидентот и се сомнева дека пукањето било извршено од возилото.Полицијата потоа започнала да собира снимки од надзорни камери за да го лоцира автомобилот, по што биле утврдени и регистарските таблички. Полициски хеликоптер ја лоцирал осомничената на паркинг во населбата Шерман Окс, каде што била уапсена.Според достапните информации, Ортиз и претходно била приведувана поради семејно насилство, несовесно управување со возило и прекршување на условите за привремено ослободување во Флорида. Во декември минатата година таа поднела жалба за поништување на одлуката за старателство над своето дете, кое му било доделено на нејзиниот поранешен партнер.

На почеток
error: