Медиасет
Ријана презеде мерки по пукањето кон нејзината вила
Пејачката Ријана ги засили безбедносните мерки на својата куќа и за своето семејство во Беверли Хилс, откако во неделата непозната напаѓачка, Ивана Ортиз, испукала повеќе куршуми кон нејзината резиденција.Според извори, пејачката „не разбира зошто нејзиното семејство било цел“.Инцидентот се случил во неделата, на 8 март, околу 13:20 часот по локално време, кога жена, идентификувана како Ивана Ортиз, користела пушка АР-15 и испукала околу десет куршуми од возило од марката Тесла од другата страна на улицата.Еден куршум го пробил ѕидот на куќата. Ријана во моментот на инцидентот била во куќата со своите три сина.По нападот, пејачката наводно ги засилила безбедносните мерки за заштита на куќата, а фотографиите покажуваат како безбедносниот тим на семејството носи куфери и колевка од куќата. Поради инцидентот, Ријана го одложила претстојното фотографирање, додека извор наведува дека ситуацијата била „застрашувачка“, и покрај добро организираниот безбедносен тим.Ивана Ортиз е приведена поради обид за убиство, а кауцијата ѝ е одредена на 10,2 милиони долари. Истрагата е во тек, а мотивот за нападот сè уште не е познат. Полицијата претходно соопшти дека Ортиз има криминално досие, вклучително и претходни пријави за семејно насилство.