Ричард Гир и неговата сопруга, Шпанката Алехандра Силва, добија дете.
Магазинот „Хола!“ пишува дека 70-годишниот актер и неговата 37-годишна сопруга добиле син и дека семејството моментно се наоѓа во Паунд Риџ, место надвор од Њујорк, каде што Гир има ранч.
Ова е второто заедничко дете на двојката. Минатата година тие добија син кого го нарекоа Александер.
Гир од бракот со Кери Лоуел има и 20-годишен син Хомер, а Алехандра од претходниот брак има седумгодишен син.
Гир и Алехандра се венчаа во 2018 година и тој тогаш изјави дека е најсреќниот човек на светот