Медиасет.мк

#ЏЕТ-СЕТ

ВИДЕО: Новинар праша докторка дали маж подобро би се справил со коронавирусот наместо неа, со бизарно објаснување

Српски новинар во тек на емисијата „Фокус“ го запраша врвниот епидемиолог д-р Дарија Кисиќ Терапевчиќ, дали е подобро во жариштата со коронавирусот да биде маж, наместо жена, што пак, пошироката јавност го сфати како отворена навреда која требаше да предизвика жестока реакција од докторката. Новинарот побара наместо докторката, маж да ја води битката со вирусот, бидејќи состојбата наликува исто како воена состојба.

Тој праша: „зарем не би можела таа тешка задача да ја изврши маж?“, а таа на ова едноставно рече дека не го разбира прашањето и не е важно дали се работи за маж или жена, сè додека работата се врши успешно.

Феминистките реагираа на ваквиот однос на српскиот новинар, иако тој претходно искажа почит кон дамите, бидејќи тој прави дискриминација и ја оспорува професионалноста на докторката само поради тоа што е жена.

https://www.facebook.com/luka.licina/videos/10221710662052578/

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: