Медиасет.мк

#ТРЕНД

Рита Ора била исмејувана дека е мигрант, сега е светска ѕвезда која е горда на потеклото од Косово

Британската пејачка по потекло од Косово, Рита Ора, тврди дека во минатото била исмејувана од своите врсници поради тоа што таа и нејзините родители имале статус на бегалци.

Хитмејкерката дошла во Велика Британија како новороденче од Косово, кога нејзините родители избегале од конфликтите што го обележаа распадот на Југославија во раните 90-ти.

И иако Рита пораснала во Нотинг Хил, Лондон, таа сепак се соочила со предрасуди од луѓето околу неа, кои го користеле зборот бегалец како навредлив термин.

„Нашите родители нè научија да се бориме за она што го сакаме, да работиме напорно и да продолжиме да одиме напред без оглед на околностите. Тие го избраа Лондон затоа што татко ми ја сакаше музиката и културата, но започнувањето нов живот беше исклучително тешко.

29-годишната пејачка текстописец вели дека растењето ѝ било тешко и дека се дружела со деца на странци затоа што имале нешто заедничко.

„Растењто беше тешко, имаше многу предрасуди. Честопати бев нарекувана бегалец на навредлив начин, сепак, имав многу пријатели странци и сите се дружевме – добра конекција заснована на различности. ”

Рита честопати патува во родното Косово и вели дека е горда на своето наследство.

Во разговор со „Вог Арабија“, таа вели: „Косово секогаш ќе биде наша татковина и ние секогаш ќе бидеме горди на нашето потекло. Јас се чувствувам понизна што сега ќе можам да се вратам во мојата земја како почесен амбасадор.“

„Секогаш кога имаме можност ние се враќаме таму со моето семејство,“ вели Рита во интервјуто за „Вог Арабија“.

Рита на своите родители им купи луксузна вила во Приштина, вредна 1.7 милиони британски фунти. Таа неодамна изјави дека родителите Бесник и Вера се најзаслужни за нејзиниот планетарен успех.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: