#ТРЕНД

Роберт де Ниро: Моменталната состојба во Њујорк потсетува на 11 септември

Објавено на

Легендарниот актер Роберт де Ниро изјави дека не е задоволен од задоцнетата реакција на властите во САД, но е многу благодарен за одличните потези што ги направи гувернерот на Њујорк, Андрев Куомо.

„Посакувам луѓето и властите да реагираа порано. Тие имаа доволно предупредувања за тоа. Мислам дека немаше да бидеме таму каде што сме ако реагираа порано”, објасни 76-годишниот актер во интервјуто за Си-ен-ен.

Тој додаде дека Куомо направил одлична работа, но исто така е освежувачки да гледа некој кој работи и не се плаши да го крене својот глас за вистинските работи. Во кратко интервју, тој го спореди нападот што се случи на 11 септември 2001 година со сегашната состојба.

„Чувството е идентично, но ова е нешто што навикнавме да го гледаме во филмовите. Сè се случи премногу брзо. Вакви работи можевме да видиме само на филмското платно, а сега тие ни се случуваат”, објасни тој.

Американските власти доживеаја многу осуди за ненавременото реагирање на пандемијата на коронавирус, особено Донал Трамп, кој не го стави Њујорк во карантин.

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

Exit mobile version