#ТРЕНД
Роби Вилијамс за прв пат ќе одржи концерт заедно со Тејк дет
25 години откако си замина од Тејк дет, Роби Вилијамс ќе им се придружи на своите поранешни колеги и тие ќе настапат заедно на онлајн-концерт за добротворни цели. Свирката е закажана за 29 мај и ќе се емитува во живо на „Јутјуб“ (Meerkat Music) и на „Фејсбук лајв“.
Гери Барлоу, Хауард Доналд и Марк Овен се подготвуваат за својот прв заеднички настап по две години, но овојпат ќе ги придружува и Вилијамс. Групата од дома ќе изведе некои од своите најпознати хитови.
„Навистина се радувам за повторниот настап со момците – тоа секогаш е задоволство“, рече Роби.
Тејк дет се формираа 1990 година, а Роби го напушти бендот пет години подоцна за да почне соло кариера. Неколку години потоа, британскиот бој бенд се распадна, но тие повторно се обединија во 2005 година. Снимија албум, имаа турнеја, но песните не беа хитови како претходните.