#ТРЕНД
Роналдо се облече во цветна комбинација, па му се изнасмеаа, ама Луј Витон си е Луј Витон
Еден од најпознатите фудбалери во светот, Кристијано Роналдо со последната слика привлече многу внимание. “Почнувам викенд низ добри вибрации и добар стил”, напиша Роналдо на фотографијата на која позира во летна Луј Витон комбинација, и очила.
На неговата објава има милиони лајкови и коментари, но на некои ваквото негово издание им изгледа комично. Цветовите никако не одат во стилот на славниот фудбалер, коментираат на социјалните мрежи, ама Луј Витон си е Луј Витон , коментираат пак други.