Медиасет

Рубљев ја разоткри тајната на Надал: Откри како поминал со шпанецот на тренинг

Објавено на

Рафаел Надал конечно се враќа на теренот овој вторник во мечот од првото коло на турнирот во Барселона (серија 500) во дуелот против Флавио Коболи, а многумина се прашуваат како ќе изгледа на теренот. Тој одговор сега го даде Андреј Рубљев.

Рускиот тенисер одработи еден спаринг тренинг со Надал и во таа прилика можеше да види на кое ниво е освојувачот на 22 Грен слем титули.

Шпанецот нема настап на турнири од Бризбејн на почетокот на годината, па со нетрпение се чека неговиот настап.

На тренинг одиграа еден сет, а Надал го доби со 6:1.

„Ме скрши или јас се убив, само не знам, но секогаш е убаво да тренираш со Рафа.“, рече Рубљев.

Тој истакна дека неговиот тренер инсистирал да тренираат заедно.

„Не верувам дека Рафа барал некој за тренинг. Повеќето играчи бараат од Рафа да тренираат заедно. Така што јас сум прилично сигурен дека мојот тренер му пришол на неговиот тим и закажал се“, додаде Андреј.

Легендарниот тенисер истакна дека можеби последен пат ќе игра во Барселона, каде досега има победено 12 пати.

„Тешко е да се сфати дека можеби тоа беше еден од нашите последни тренинзи заедно или еден од нашите последни турнири заедно, бидејќи тој многупати е докажан дека може да се врати од невозможни ситуации, па сега е тешко да се размислува за тоа“, заклучи русинот.

Трендинг

Exit mobile version