Медиасет.мк

#ТРЕНД

Руперт Гринт од „Хари Потер“ стана татко

Руперт Гринт, кој го глумеше Рон Визли во филмовите „Хари Потер“, стана татко. Неговата девојка Џорџа Грум, вчера роди ќерка. Ова е нивно прво дете.

„Руперт и Џорџа се среќни што можат да потврдат дека им се роди девојче. Сакаме да ве замолиме да ја почитувате нивната приватност во ова време“, стои во соопштението што од нивните агенти го испратија до медиумите.

Двојката е во врска уште од 2011 година. Во јавноста се зборуваше дека се венчале, но досега ниту еден од нив двајца ја нема потврдено оваа вест. Рон, пак, долго време зборуваше дека двајцата посакуваат да станат родители. Тие пред неполн месец потврдија дека Џорџа е бремена.

Инаку, и Џорџа е глумица, а најпозната е по улогата во комедијата Angus, Thongs and Perfect Snogging од 2008 година.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: