Медиасет.мк

Медиасет

Сајбер нападите пораснале за 140 отсто: Полска инвестира 1,2 милијарди евра во сајбер безбедност

Полска официјално го започна развојот на сопствена безбедна енкриптирана апликација за комуникација наменета за државните институции, откако Владата во Варшава изрази загриженост поради растечките сајбер закани и обидите за компромитирање на апликацијата Сигнал кај државните службеници.Оваа одлука претставува дел од новата поширока стратегија на официјална Варшава за зајакнување на дигиталната безбедност и намалување на зависноста од странски технолошки платформи.Неодамна полските служби за сајбер безбедност предупредија за софистицирани phishing („фишинг“) кампањи насочени против политичари, безбедносни агенции и државни службеници.Напаѓачите се претставувале како техничка поддршка за апликацијата Сигнал или користеле лажни веб-страници за да ги наведат корисниците да ги поврзат своите сметки со компромитирани уреди, при што хакерите можеле да пристапат до приватни разговори, контакти и други чувствителни податоци.Иако апликацијата Сигнал и понатаму важи за една од најбезбедните апликации за шифрирана комуникација, полските власти оценуваат дека проблемот не е во самата енкрипција на апликацијата, туку во човечкиот фактор и можноста за таканаречен „социјален инженеринг“.Поради тоа, Владата им препорача на државните институции да преминат на домашно решение развиено под контрола на националните безбедносни структури.Новата апликација е развиена со поддршка на полски технолошки и истражувачки институции, а првенствено ќе ја користат државната администрација, безбедносните служби и организациите вклучени во националниот систем за сајбер заштита.Полските власти тврдат дека домашната апликација ќе овозможи поголема контрола врз серверите, безбедносните стандарди и процесите за автентикација на корисниците.Полска во последните години стана една од најактивните европски држави кога станува збор за инвестиции во сајбер безбедност. Земјата има клучна логистичка улога во поддршката на Украина, поради што често е цел на сајбер напади и хибридни операции.Полските официјални претставници повеќепати предупредуваа за активности на групи поврзани со Русија и Белорусија, кои ги таргетираат државните мрежи, медиумите и критичната инфраструктура.За оваа година Варшава најави рекордни инвестиции во сајбер безбедност, проценети на околу 1,2 милијарди евра.Според податоците на полските институции, бројот на регистрирани сајбер инциденти во текот на минатата година пораснал за повеќе од 140 проценти.Одлуката на Полска за развој на национална комуникациска платформа се вклопува и во поширокиот европски тренд за зајакнување на дигиталниот суверенитет.Сè повеќе европски држави настојуваат клучните комуникациски и безбедносни системи да ги држат под домашна контрола, особено во време на зголемени геополитички тензии и растечки сајбер закани од хакерски напади.

На почеток
error: