Медиасет.мк logo
Промени тема
Филм

„Сакавме да влијаеме на културата“: Маргот Роби-Барби конечно проговори за Оскарите

Медиасет.мк
пред 2 години
margo-robi

Актерката Маргот Роби, ѕвездата на блокбастерскиот филм од 2023 година „Барби“, проговори за реакциите од фановите откако не беше номинирана за Оскар за најдобра актерка.

Филмот доби осум номинации за Оскар, вклучувајќи најдобар филм, најдобра споредна машка и најдобра споредна женска улога. Обожавателите, сепак, биле преплашени што Роби билa запоставенa, пишува „Би-Би-Си“.

Но, Марго, која е и една од продуцентите на филмот, рече дека не е тажна и вознемирена.

- Зошто да се чувствуваш тажен ако знаеш дека си благословен. Тргнавме да направиме нешто што ќе ја промени културата и ќе влијае на неа. Направено е многу повеќе отколку што сме сонувале. Тоа е навистина најголемата награда - истакна таа за време на дискусијата SAG-AFTRA со колегите.

Роби посочи дека е повеќе вознемирена што режисерката на филмот, Грета Гервиг, не била номинирана за Оскар за режија, додека таа била номинирана за најдобро адаптирано сценарио.

- Она што го направи Грета е нешто што се случува еднаш во кариерата, еднаш во животот. Тоа што таа го изведе е навистина за номинација. Но, ова беше неверојатна година за сите филмови - изјави актерката.

Покрај обожавателите на филмот, актерите Америка Ферера и Рајан Гослинг, кои добија номинации за најдобри споредни улоги, изразија разочарување што Маргот Роби и Грета Гервиг не беа почестени.

– Нема Кен без Барби, а нема ниту филм „Барби“ без Грета Гервиг и Маргот Роби – изјави Гослинг, кој го глумеше Кен во филмот.

„Барби“ заработи 1,38 милијарди долари на кино благајните ширум светот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library4brjs2fjlur0fQ9Eki2

Шакира се расплака на сцената во Мадрид: „Поминав низ тешки моменти“

Сцена | пред 23 часа

media-libraryvkj72cof04062Uj89F1

Поскапува туристичката такса во Србија: Еве колку ќе се плаќа по ден

Патувања | пред 1 ден

media-librarya1aagb2bdbjs8EHwlpL

Apple сака сите да преминат на iOS 27: Еве што се менува во поставките на iPhone

пред 1 ден

media-librarymrgi6fq3rmrscou1FkV

Старински рецепт за џем од сливи: Додадете малку рум за побогат вкус

пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања