#ТРЕНД
Саша Ковачевиќ пред банкрот, го затвори ресторанот во Белград
Пејачот Саша Ковачевиќ е пред банкрот. Тој во емисијата „Шок ток“, изјавил дека бил принуден да го затвори ресторанот во Нов Белград, поради пандемијата со коронавирусот.
Пејачот претрпел силен удар поради пандемијата и затоврањето на угостителките објекти и бил принуден да ги отпушти сите вработени.
Тој изјави дека жали за ваквата ситуација, затоа што голем дел од луѓето кои работеле за него, имале семејства кои зависеле од нив.
„Жалам за луѓето кои работеа за мене. Тие сега немаат никаков приход, извор на пари со кој би можеле да им помогнат на семејствата. На сите нас ни е многу тешко“, изјавил Ковачевиќ.
Пејачот вели дека ова претставува лекција за него, но дека ќе продолжи да се бори и во иднина.
„И во иднина ќе гледам со позитивни очи, без разлика на предизвиците. Најважно ми е здравјето. Да сме живи и здрави, а се друго ќе си дојде на свое место“. изјавил Ковачевиќ.