#ФОКУС
Се очекува да пристигнат 200 000 кинески вакцини, еве како ќе тече имунизацијата
Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека наскоро во земјава ќе стигнат 200 илјади вакцини од Кина, со што ќе се обезбеди вакацинација на 100 илјади граѓани.
Министерот дополна дека веќе е изготвен план, за транспортот, чувањето и отпочнувањето на вакацинацијата, нагласувајќи дека здрвствениот систем има капацитети да ја отпочне првата фаза. Според него откако ќе отпочне вакцинацијата на дневна основа ќе се вакцинираат од 2.000 до 2.500 граѓани. Закажувањето за вакцинацирање ќе се спроведува преку системот „Мој термин“, а имунизацијата ќе се врши на вакцинални пунктови.