Медиасет

Се огласи Ембапе по скршеницата на носот: Французинот имаше важно прашање до навивачите

Објавено на

Капитенот на француската фудбалска репрезентација Килијан Мбапе заработи тешка повреда на првиот натпревар на триколорите на Европското првенство. Франција ја победи Австрија со 1:0, но натпреварот го наруши неговата повреда.

Во 85. минута Ембапесе се повреди откако во скок удри со глава во рамото на противникот. Тренерот Дидие Дешамп потврди дека капитенот во таа прилика си го скршил носот.

Поради оваа повреда јасно е дека Ембапе ќе мора да носи заштитна маска на лицето до крајот на Европското првенство.

По натпреварот, Мбапе им се обрати на своите фанови на социјалните мрежи, барајќи идеи за маската што ќе ја носи. –

– Идеи за маски? – напиша Ембапе, а повеќето фанови во коментарите предложија маска инспирирана од Нинџа желките, анимирани херои со кои често се споредуваат Ембапе.

Следниот натпревар Франција го игра против Холандија во петок од 21 часот.

Трендинг

Exit mobile version