Медиасет.мк

#ТРЕНД

Се огласи Емина Јаховиќ: Речиси секој месец имам нов партнер за кој не знам

Последните месеци во медиумите се шпекулираше дека пејачката Емина Јаховиќ во Турција си нашла ново момче, наводно тоа бил програмер Рон, а сега таа за прв пат се огласи за гласините.

„Турските медиуми постојано ме спојуваат со некој, јас речеси секој месец имам нов партнер за кој не знам и многу сум тажна затоа што моето дете има 12 години, научило да ги чита вестите и сето тоа нас не потресува, а на него ништо не му е јасно. Има многу проблеми, кажав дека ќе имаат можност да ме видат со некој под рака и се надевам дека тоа ќе го реши проблемот“ – раскажа Емина во емисијата „Ексклузивно“.

Емина Јаховиќ и Мустафа Сандал се разведоа во 2018 година, по 10 години брак, а пејачката подоцна како гостин во една емисија изјави дека брачната криза траела две години.

„Кризата траеше долго време. Тоа го чувавме, најмногу заради децата. Колку што требаше да се создаде, толку требаше и да се распадне“, рече таа.

Емина потоа беше во кратка врска со турскиот бизнисмен Садетин Саран.

Трендинг

На почеток
error: