Медиасет.мк

Медиасет

Се огласи принцот Вилијам: Кејт е се подобра

Британскиот принц од Велс Вилијам изјави дека неговата сопруга, принцезата Кејт е подобра и дека би сакала да присуствува на комеморацијата на Денот Д – годишнината од истоварувањето на сојузничките трупи во Нормандија.

Тој го кажа ова во разговор со ветераните по комеморацијата на годишнината во Портсмут и додаде дека Кејт е се подобра, пишува Тајмс.

Принцезата Кејт на крајот на март објави дека има рак, но ниту таа ниту кралската палата не појаснија за каков вид на рак се работи.

Кралската палата се уште не посочи кога принцезата би можела да се врати на јавните обврски.

Имаше шпекулации дека принцезата можеби е доволно добро за да учествува на воен настан во Лондон на 8 јуни.

На почеток
error: