Медиасет.мк

Медиасет

(Фото) Се огласи Ѓоковиќ и испрати емотивна порака по операцијата

Новак Ѓоковиќ првпат проговори по операцијата на коленото што ја имаше во Париз и поради која се повлече пред четвртфиналето на Ролан Гарос.

Српскиот тенисер не сакаше долго да размислува по повредата, но брзо донесе одлука за операцијата која беше успешно извршена на клиника во главниот град на Франција.

„Изминатиот ден морав да донесам некои тешки одлуки откако претрпев повреда на менискусот за време на мојот последен натпревар. Сè уште обработувам сè, но со задоволство известувам дека операцијата помина добро. Многу сум благодарен на тимот од лекари кои беа покрај мене, како и на огромната поддршка што ја добив од моите фанови.

Ќе дадам се од себе за да бидам здрав и подготвен што побрзо да се вратам на терените.

Мојата љубов кон овој спорт е силна и желбата да се натпреварувам на највисоко ниво е она што ме одржува. Одиме“, напиша Ѓоковиќ.

Покрај тоа, Новак закачи и слика со својот тим, во кој е и неговата сопруга Јелена, која му беше голем поддржувач на Ролан Гарос.

Поради повлекувањето во четвртфиналето, Ѓоковиќ го загуби првото место на АТП листата и 1.600 бодови, а се уште е неизвесно кога ќе се врати на теренот. Засега е познато дека опоравувањето најверојатно ќе трае три недели, па тешко е да се очекува Новак да се појави на Вимблдон, но тој треба да биде подготвен за Олимписките игри од 26 јули.

На почеток
error: