Џип „Мерцедес МЛ 320“, мотор „Јамаха“, ваучер од 2500 евра, „Ајфон“, уреди.. Ова се само дел од наградите кои се доделуваат на големиот giveaway организиран од Бојан Јовановски-Боки 13. Скоро 50 брендови застанаа зад ова наградување, а веќе е најавено и спектакуларно извлегување на добитниците.
Организаторот посочува дека условите за учество се едноставни, да се заследи профилот „Boki_13_giveaway“ и сите профили кои ги следи тој профил. Потоа, треба да се означат пет пријатели, а секое означување да биде во засебен коментар (колку повеќе ознаки, толку повеќе шанси), да се лајкне и сподели објавата на „стори“.
Меѓу остнаатите награди најавени од Боки 13 се и Iphone 15 MAX, Samsung телефон, сет производи и апарати за лична, професионална и домашна употреба, колекции, викенд за двајца во хотел „Тино Св. Стефан“, ваучери за во ресторан „Дион“, третмани, патувања..