Медиасет.мк logo
Промени тема
Сцена

Се појави писмо на принцезата Дајана: Лејди Ди знаела дека ќе умре и кој го планира нејзиното убиство?

Медиасет.мк
пред 5 години
dijana-2

Славната принцеза Дијана почина на 31 август 1997 година. Теориите на заговор не престануваат од тој ден, а нејзината смрт останува мистерија до ден-денес. Неколку години по смртта на принцезата, околностите под кои се случила сообраќајната несреќа сè уште биле сомнителни, објави zenskimagazin.mk. 

Британската полиција одлучи да започне истрага, а првоосомничен беше нејзиниот поранешен сопруг, принцот Чарлс.Тогашниот шеф на Скотланд јард, Џон Стивенс, изјави дека истрагата е покрената со писмо напишано од принцезата во 1995 година, две години пред нејзината смрт. Една реченица ги става сите сомнежи на Чарлс.

- Мојот сопруг планира „несреќа“ со мојот автомобил, откажување на сопирачките и сериозна повреда на главата - напишала Дијана во писмото.

Се верува дека принцезата помислила дека нејзиниот поранешен сопруг сака да исчезне за да може да се ожени со дадилката на нивните синови Вилијам и Хари. Кога писмото стигнало до јавноста и медиумите, полицијата го испрашала Чарлс поради можната поврзаност со смртта на принцезата Дајана.

- Да, беа изнесени обвинувања за принцот од Велс и другите членови на кралското семејство, но моравме да ги пронајдеме или истражиме постоечките докази пред да му се обратиме со официјални прашања - рече детективот Стивенс. Тој додаде дека не нашле други докази што го потврдуваат сценариото наведено во писмото на Дијана.

Текстот во целост на: zenskimagazin.mk. 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

karleusa

Јелена Карлеуша го прекина настапот во Блаце: Се изгубило седумгодишно девојче

Сцена | пред 10 часа

ceca

(Видео) Цеца во аутфит од 18.000 евра го следеше бокс-мечот на Вељко

Сцена | пред 10 часа

media-libraryktdo2t07fnujc9SgJAN

Google пушти мистериозна апликација на Play Store – еве за што служи

Технологија | пред 16 часа

media-library9aknql30qfl7fhG4dMC

(Видео) Бубачка ја испаничи Јелена Томашевиќ во Охрид, Иван Босиљчиќ дотрча на сцената: „Кога некој ми ја допира жената, завршува на под“

Сцена | пред 17 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања