#ОХРИД
Се уредува градското зеленило и се чистат јавните површини во Охрид
Екипите на ЈП “Охридски Комуналец” деновиве спроведуваат низа пролетни активности за уредување на градското зеленило и чистење јавните површини на територија на општина Охрид, напиша на својот ФБ профил, градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.
Во продолжение на објавата на градоначалникот се додава:
Се уредуваат цветните садници на делот околу дрворедите на неколку улици.
Се врши косење на јавните тревни површини.
Се чисти и подига ситен отпад во приградските населби и села согласно програмата за работа.
Се отстранува дива и неуредна вегетација на регионалниот пат Охрид- Свети Наум, а подигната е значителна количина на комунален отпад.
Ваквите активности континуирано ќе се спроведуваат и во текот на наредниот период.
фото: ФБ Константин Георгиески