Медиасет.мк

Медиасет

Сега е и официјално: Ѓоковиќ му ја предаде тениската круна и првото место на Синер

Најдобриот тенисер во историјата и официјално повеќе не е најдобар тенисер на планетата на актуелната АТП листа.

Новак Ѓоковиќ од овој понеделник е трет на АТП-листата, каде на таа позиција првпат официјално се круниса италијански играч.

Јаник Синер не успеа да дојде до титулата на Ролан Гарос, но освои доволно бодови за да дојде до првото место, каде сега има 9.525 бодови.

Зад него е Карлос Алкараз кој освои 1.280 поени и сега има вкупно 8.580 на второто место, додека Новак е трет бидејќи загуби 1.600 поени во Париз.

Лани ја освои титулата, сега стигна до четвртфиналето каде мораше да се откаже поради повреда на коленото.

Покажа знаци на добра игра каква што немавме видено цела година до Париз, се жалеше на површината и неговите поплаки до организаторите не вродија со плод.

Оштетен менискусот на коленото, Новак остана без шанси да го одбрани трофејот освоен лани и затоа по речиси десет месеци повторно падна на второто место.

Минатата година Новак во еден период беше петти тенисер на планетата, но трите Грен слемови што ги освои во 2023 година му го вратија ореолот на најдобрите.

Досега нема освоено ниту една титула оваа година и има само три полуфиналиња, во Австралија, Монте Карло и Женева. Синер, пак, ги одигра најдобрите десет месеци во кариерата.

Во неколку наврати го победи Ѓоковиќ, го елиминираше во полуфиналето на Дејвис купот и Австралија опен, ја понесе титулата во Мелбурн, го освои Дејвис купот, а годинава освен во Австралија, ги освои титулите во Ротердам и Мајами.

На Ролан Гарос, кој заврши во неделата, тој загуби од Карлос Алкараз, евентуалниот шампион, во пет сета. Со таа победа и триумф над Александар Зверев, Алкараз успеа да се искачи на втората позиција.

Трендинг

На почеток
error: