Медиасет.мк logo
Промени тема
Трендови

Селекторот на Иран: „Ако не сакате да учествуваме на Мундијалот, само кажете“

Медиасет.мк
пред 3 месеци
media-librarym28fpe0i0ljqcotsnJB

Иранската фудбалска репрезентација остана без важен погодок и подобар резултат во Сиетл, откако голот на Шоџа Халилзаде беше поништен поради офсајд, што предизвика остри реакции од селекторот Амир Галеноеи, кој смета дека неговиот тим бил оштетен со судиска одлука.

Репрезентацијата на Иран на турнирот во САД се соочува со повеќе проблеми, а сето тоа доаѓа во период кога и самиот настап на натпреварувањето бил под знак прашалник поради сложената геополитичка ситуација.

По пристигнувањето во САД, Иран се соочил со дополнителни тешкотии кои, како што се наведува, влијаеле врз нивниот пласман во групата. Тимот моментално има три бода и ќе мора да го чека исходот од останатите натпревари за да дознае дали ќе обезбеди пласман во нокаут-фазата.

Селекторот Галеноеи не го криеше незадоволството од судењето, оценувајќи дека неговата екипа била неправедно оштетена.

„Ако не сакате да учествуваме на Мундијалот, само кажете. Поништувањето на тој гол беше целосно неоправдано – тоа беше чист гол, немаше офсајд. Имам чувство дека целиот фудбалски свет е против нас. Иран се бореше со сè што имаше и светот тоа го виде“, изјави селекторот на Иран.

Доколку резултатите не се поклопат, Иран ќе биде елиминиран во групната фаза од натпреварувањето.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarym0f1f44ig7p54z8y5am

Ален Рустемовски доби статус „Спортист од светска категорија“ по европската бронза

Вирално | пред 1 седмица

media-libraryd1qbr9vf7nv10IUF8hO

„Борбата против стареењето е опасен тренд“: Професор предупредува на производите за долговечност

Трендови | пред 2 седмици

media-libraryeq1v78t1jusd6yea3wF

Чивавите во својата ДНК кријат траги од којоти, открива ново истражување

Трендови | пред 3 седмици

media-libraryo52v1lt0isk84UUVJXL

Неделен хороскоп од 14 до 20 септември: Лавовите привлекуваат внимание, Скорпиите конечно добиваат одговор

Трендови | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања