Медиасет.мк logo
Промени тема
Сцена

Селин Дион го напушти Париз, а сите погледи ги украде нејзиното преслатко куче

Медиасет.мк
пред 1 час
maxresdefault-2

По месец и половина поминати во Париз и одржани 16 концерти, Селин Дион во понеделникот замина од француската престолнина и се упати кон својот дом во Лас Вегас. При заминувањето, најголемо внимание привлече нејзиниот нов миленик, пудлот Медисон, кого пејачката го носеше во прегратка.

Дион во Париз пристигна на 28 август, а за време на престојот беше сместена во луксузниот хотел „Ројал Монсо“. Редовно излегуваше за да ги поздрави обожавателите кои ја чекаа пред хотелот. На пат кон Лас Вегас ја придружуваа нејзините 15-годишни близнаци Нелсон и Еди, како и кучето Медисон, кое го вдомила на почетокот на годината.

Пудлот во меѓувреме станал нејзин постојан придружник, а пејачката го носела со себе и за време на патувањето. Нејзиниот најстар син, Рене-Шарл, ѝ се придружил пред првиот концерт, но не бил забележан со остатокот од семејството при заминувањето од Париз.

Дион на последниот концерт, одржан во саботата, 17 октомври, емотивно им се обрати на присутните и им се заблагодари за поддршката за време на нејзините здравствени проблеми. Таа истакна дека повторното настапување во градот што го сака било остварено благодарение на љубовта и поддршката од публиката.

Пејачката треба повторно да настапи пред париската публика во мај, кога се најавени уште десет концерти во „Пленитуд арената“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarydkqt4vft97l19PBbnyQ

(Видео) „Не можат да се поднесат“: Јавноста се потсмева на однесувањето на Трамп и Меланија

Сцена | пред 4 часа

media-libraryti3nptejku7c8Eu8Hjb

„Ти си доказ дека вистинската уметност со годините станува уште повредна“: Слаткаристика со емотивна порака до Калиопи за 50 години на сцената

Сцена | пред 12 часа

media-librarygsp6ms7sam3l0jtwtQN

Деми Мур објави фотографија без шминка и ги воодушеви обожавателите

Сцена | пред 1 ден

toshe-proeski

„Додека беше жив, го плукавте, а денес сите го нарекувате ‘наш’“ – порака за лицемерието кон Тоше, кое уште е пракса кај нас

Сцена | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања