Медиасет.мк

#ТРЕНД

Семејството на Рајко Дујмиќ одлучи да се даруваат неговите органи

Хрватскиот композитор Ненад Нинчевиќ, еден од најблиските пријатели на починатиот музичар Рајко Дујмиќ, за медиумите изјави дека семејството Дујмиќ одлучило да ги дарува неговите органи.

– Тешко ми беше сите овие денови. Рајко имаше добро срце и мека душа… Бевме пријатели 35 години и никогаш не сме се скарале. Тој беше апсолутен позитивец, но повремено се самоуништуваше и тоа беше негова единствена мана, изјави Нинчевиќ.

Рајко Дујмиќ, долгогодишен фронтмен на екс-ју групата „Нови фосили“, почина вчера, како последица од сообраќајната несреќа во областа Равна Гора во централна Србија.

Нинковиќ беше со семејството на Дујмиќ по сообраќајната несреќа, и тој ќе им помогне при погребот, кој треба да се одржи следната недела во Загреб.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

На почеток
error: