Медиасет.мк

#ФОКУС

(ФОТО) Медицинска сестра спаси три бебиња во експлозијата во Бејрут

Фотографот Билал Јавиќ направил фотографија од млада медицинска сестра која успеала да спаси три бебиња во болница во Бејрут, каде во близина се случи силната експлозија.

Опкружена со рушевини, скршено стакло, таа се обидува да воспостави телефонска врска и да испрати апел за помош до нејзините колеги, лекари и пациенти.

Главниот град на Либија по силната експлозија која се случи деновиве, беше девастиран, настрадаа голем број болници, а една од нив беше и Beirut Roum. Таму, во одделот за гинекологија и акушерство, настана една од најпотресните фотографии.

Фотографијата на Јавиќ го долови моментот на очај, тага, беспомошност и целата таа трагедија која и се случи на либанската метропола. По силната експлозија која се случи во вторникот и која го потресе Бејрут, штетите, за жал, уште долго време ќе се собираат, како материјалните, така и оние човечките.

„По 16. години фотографирање за медиумите и многу војни, можам само да кажам дека не сум видел ништо слично на ова што го посведочив пред болницата. Оваа хероина ги замота бебињата и ги чуваше внатре во болницата, воспостави врска и покрај прекинот на комуникациите. Ги држеше трите новороденчиња во раце, опкружена со десетина тела околу неа и многу повеќе ранети“, напишал авторот на фотографијата на својот „Фејсбук“.

Истата таа болница, која работи од 1902 година и згрижува најмалку 350.000 пациенти годишно, сега, по невидената катастрофа која му се случи на Бејрут, мака мачи и со недостиг на крв.

Според последните информации, експлозијата однесе повеќе од 100 животи, а повеќе од 4000 се повредени.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: