Медиасет.мк logo
Промени тема
Сцена

Сенида го прекина концертот во Хрватска откако ја гаѓаа со коцки мраз

Медиасет.мк
пред 1 месец
Senidah

Пејачката Сенида го прекина настапот во популарниот клуб „Diamond“ на островот Крк, Хрватска, откако од публиката била гаѓана со коцки мраз. Инцидентот бил снимен, а нејзината реакција набрзо се проширила на социјалните мрежи.

Сенида во еден момент ја прекинала музиката и побарала од организаторите и обезбедувањето да го пронајдат човекот кој ја гаѓал.

„Ве молам, само ако можете да го средите ова, инаку нема да продолжиме. Само тоа да го кажам“, им се обратила пејачката на присутните од сцената.

Снимката од моментот се прошири на „ТикТок“, а ја објавил и самиот клуб. Според сведоштвата, поединци од публиката извесно време ја гаѓале Сенида со коцки мраз, што ја налутило пејачката.

„Секогаш ќе се најде некој што мисли дека е премногу паметен, па ја гаѓаа со мраз“, раскажал авторот на една од снимките.

Настапот на Сенида бил дел од летната програма на клубот на Крк, во која се најавени и концерти на Јаков Јозиновиќ, Жељко Јоксимовиќ, Јала Брат и Буба Корели, како и Сергеј Ќетковиќ.

Сенида во октомври ја очекува и голем настап во „Арена Загреб“, каде што ќе одржи концерт на 10 октомври.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb6e87gpfpa1t0OuHyPr

Анџелина Џоли и Салма Хајек открија детали за нивното необично пријателство

Сцена | пред 3 часа

media-library0hsov53quoa0fhMU8KG

(Видео) Громогласен аплауз за Слаткаристика во Оксфорд: „Ве сакам најмногу на цел свет“

Сцена | пред 1 ден

media-library7fijqt39hpvq42XE42i

(Видео) Каролина ги „раздрма” во Гази Баба: општината прослави 50 години постоење

Сцена | пред 1 ден

media-librarympmeofo0jombcJ35eNC

(Видео) Публиката пееше наместо нив: 2Бона доминираа во Гази Баба

Сцена | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања