Поранешната американска тенисерка Серена Вилијамс привлече големо внимание со своето модно издание на гала-вечер во Лос Анџелес, каде што се појави во впечатлив фустан со леопардов дезен.
По повлекувањето од тенисот, Вилијамс повеќе време посветува на семејството и децата, но редовно присуствува и на настани од светот на модата, каде што често привлекува внимание со своите смели модни избори.
За оваа пригода избрала тесен фустан со потпис на британската дизајнерка Клио Пепијат, кој ја следел линијата на телото и ја истакнувал нејзината фигура. Високиот шлиц на бутината и длабокото деколте дополнително придонеле за впечатливиот изглед.
Стајлингот го надополнила со ненаметливи модни додатоци и брановидна фризура, а леопардовиот дезен, кој е меѓу популарните модни избори оваа сезона, бил во центарот на вниманието. Со ова издание, Вилијамс уште еднаш покажа дека привлекува погледи и надвор од тениските терени.