Магијата на трите сестри волшебнички трае речиси две децении, и со оригиналната верзија и со новата од 2018-та.
Пру, Пајпер и Фиби ја откриваат својата моќ, креирајќи еден сосема нов свет за себе и за луѓето околу нив.
Подоцна Пру умира, а на нејзино место доаѓа полусестрата Пејџ, која има наследено од моќите на нивната мајка.
Ако сте љубители на оригиналната или новата верзија, сигурно некогаш сте посакале да изгледате нешто слично.
Па, не грижете се, има неколку серии со кои ќе ја почувствувате речиси истата магија како и со „Charmed“:
Chilling Adventures of Sabrina
Сабрина се соочува со семејното наследство во форма на магија и со балансот меѓу нормалниот живот и својата моќ.
The Secret Circle
Од оваа серија е снимена само една сезона, а фановите на „Charmed“ веднаш ќе ја препознаат сличноста меѓу двете приказни.
Главниот лик открива дека има волшебна моќ по смртта на нејзината мајка и влегува во чудесниот свет на магијата и опасностите.
DC’s Legends of Tomorrow
Иако на прв поглед никој не би нашол поврзаност меѓу овие две серии, всушност и Легендите се соочуваат со митски и волшебни суштества, па затоа и може да се направи паралела меѓу нив.
Lucifer
Ако демоните и митологијата на пеколот беа она што ве воодушевува во „Charmed“, тогаш „Lucifer“ е серијата која ја барате.
Самиот ѓавол помага во разрешување на криминали, а во меѓувреме го открива хуманиот дел од себе.