#ТРЕНД

Северина излегува од самоизолација

Објавено на

Пејачката Северина Којиќ пред две недели објави дека е позитивна за коронавирус, а сега на Инстаграм објави дека излегува од самоизолација.

„Поздрав од другата страна. Среќно излегување од (само)изолација на сите кои слават“, напиша Северина со фотографија на која позира во црвен комбинезон, додека нејзините обожаватели во своите коментари не го криеја воодушевувањето што пејачката ја напушти изолацијата.

Да потсетиме, Северина пред 14 дена објави дека е позитивна на коронавирус, додека нејзиниот син Александар кој беше со неа на годишен одмор, беше негативен.

Трендинг

Exit mobile version