Медиасет.мк

#ТРЕНД

Северина не му го дала синот на Милан, па ја пријавил во полиција

Пејачката Северина Којиќ добила уште една казнена пријава, пренесуваат хрватските медиуми. Таа пријавата ја добила од сплитско-далматинската полиција, затоа што наводно не го предала својот син Александар, на нејзиниот поранешен партнер Милан Поповиќ.

„Можеме да ве известиме дека е точна информацијата дека денес во службените простории дојде маж, кој поднесе казнена пријава поради причината која ја имате наведено. Целата собрана документација и писма, како и казнената пријава, ќе бидат доставени до надлежниот Општински државен адвокат во Сплит, за понатамошна постапка. Ќе биде известен и Центарот за социјална грижа“, одговориле од сплитската полиција за медиумите.

Како што пренесуваат хрватските медиуми, Северина поради Милан Поповиќ повикала и полиција. Од страна на неа било побарано да дојде полицијата. Службите пристигнале на местото на настанот, но немало потреба за било какво постапување“, велат службите од Сплит.

За потсетување, Северина и Милан сеуште водат спор околу тоа кај кого треба да заврши Александар. Судот донесе неправосилна пресуда, според која детето треба да живее со татко му, додека мајка му ќе може да го гледа во договорени термини.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: