Медиасет
Северина приведена на српска граница: Пејачката била испрашувана во полиција поради контроверзни изјави
Хрватската пејачка била приведена на границата со Србија, а откако била ослободена решила да се врати во татковината.
Според тамошните медиуми, Северина била приведена вчера на границата со Србија, по што полицијата ја спровела редовната постапка, како и за изјави за кои српските државни органи сметаат дека се сомнителни, дознава Блиц.
На пејачката набрзо и бил дозволен влез во Србија, но сепак решила да се врати во Хрватска.
Да потсетиме, на некои од колегите на пејачката како Селма Бајрами, Јадранка Барјактаревиќ и Садик Хасановиќ претходно им беше забранет влез во Србија поради навреда и изведување националистички песни.