Медиасет.мк

#ТРЕНД

Северина уапсена за време на полициски час

Хрватската пејачка Северина Којиќ синоќа околу 21 часот била приведена бидејќи во Белград излегла со својот автомобил и го прекршила полицискиот час.

Северина била запрена во близина на трговскиот центар Оков во Белград. Според „Пинк.рс“, Северина го сменила исказот, пред полицијата. Прво рекла дека отишла во аптека, а потоа ја променила нејзината приказна, па рекла дека само сакала да го паркира автомобилот, но дека  дека предходно се карала со сопругот Игор Којиќ.

Пејачката била приведена од страна на српската полиција и добила казна од 50.000 динари, која веднаш ја платила.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

На почеток
error: