Медиасет.мк

#ТРЕНД

ВИДЕО: Бред Пит и ја реновирал куќата на својата шминкерка

Холивудскиот актер Бред Пит (56) направи добро дело за својата долгогодишна пријателка со тоа што реши да ја реновира нејзината куќа. Бред Пит им се придружил на Дру и Џонатан Скот во нивната најнова емисија и одлучил на својата пријателка и шминкерка Џин Блек да ѝ обезбеди подобар дом.

Тој не само што го избрал дизајнот на ентериерот туку и учествувал во уривањето на постарата конструкција.

Кога ја избрал Џин за изненадувањето, 56-годишниот актер зборувал за пријателството со неа и зошто сакал да ѝ помогне.

„Таа е моето семејство, ние сме како брат и сестра. Таа е личност што многу ја ценам во мојот живот“, рече Бред.

Џин заминала на пат три недели, а во тој период во емисијата браќата Скот ја обновија нејзината гаража со помош на Бред Пит, а кога се вратила и видела што е направено, таа почнала да плаче.

Во нејзиниот дом во Санта Моника, покрај гаражата, биле преуредени нејзиното студио за шминкање, спалната соба, кујната и бањата.

Џин останала без зборови кога ја видела реновираната куќа и за малку ќе заплачела, а потоа им се заблагодарила на нејзиниот долгогодишен пријател и на браќата Скот.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: