Медиасет
Шефот на IATA: Авиокомпаниите не можат да ги покријат трошоците за гориво
Цените на авионските билети во Европа ќе растат поради поскапувањето на авионското гориво, предупреди генералниот директор на Меѓународна асоцијација за воздушен транспорт, Вили Волш.Во интервју за BBC, Волш изјави дека авиокомпаниите не можат долгорочно да ги апсорбираат зголемените трошоци за гориво, иако дел од европските превозници во последниот период ги намалиле цените поради послабата побарувачка.Тој предупреди и на можни ризици во снабдувањето пред летната сезона, наведувајќи дека британскиот авионски сообраќај би можел да се соочи со притисок врз резервите на гориво во екот на сезоната, но додаде дека „нема причина за паника“.Според Волш, дури и ако брзо се отвори Ормускиот теснец, нарушувањата на пазарот на нафта и оштетувањата на рафинериите на Блискиот Исток би можеле подолг период да влијаат врз цените на горивото.„Едноставно нема начин авиокомпаниите да ги апсорбираат дополнителните трошоци“, изјави Волш, додавајќи дека евентуалните попусти би биле краткорочни и дека товарот на крајот ќе падне врз патниците.Тој оцени дека проблемот би можел да трае со месеци, па дури и во текот на следната година.Од Европска Унија соопштија дека не гледаат регулаторни пречки за користење американско авионско гориво, доколку увозот биде внимателно контролиран, додека европскиот комесар за енергетика Дан Јоргенсен порача дека не очекува краткорочен недостиг на гориво, иако долгорочните ризици остануваат.Слични процени доаѓаат и од туристичкиот сектор. Директорот на TUI, Себастијан Ебел, изјави дека не очекува сериозни нарушувања во следните месеци.Британската влада соопшти дека ја следи состојбата и соработува со авиокомпаниите за да се избегнат проблеми и да се овозможи непречено планирање на летовите за летната сезона.