#ТРЕНД
Шерон Стоун објави слика од болницата каде нејзината сестра се лечи од Ковид-19
Една од најпознатите светски актерки Шерон Стоун откри дека нејзината сестра Кели Стоун се бори против коронавирусот и дека е во болница.
Холивудската ѕвезда на Инстаграм објави слика од болничката соба каде лежи Кели и укажа дека мора да се носат маски.
– Мојата сестра Кели, која веќе има лупус, сега има Ковид-19. Ова е нејзината болничка соба. Еден од вас кој не носел маска го стори ова. Таа нема имун систем. Единствено место каде одеше беше аптеката, напиша актерката и продолжи:
– Не постои тестирање во областа каде живее доколку немате симптоми, а потоа пет дена се чекаат резултати. Можете ли да се соочите со оваа соба? Носете маски! Поради себе и останатите. Ве молам, додаде Шерон.