Медиасет

Шокантна елиминација на фаворитот од УС Опен, патот на Ѓоковиќ е олеснет

Објавено на

Холгер Рун го заврши своето учество на УС Опен откако загуби од Брендон Накашима со 3:0 во сетови (6:2,6:1,6:4).

Овој пораз е уште еден во низата разочарувачки резултати за данскиот тенисер во текот на оваа сезона. Иако неодамна го играше четвртфиналето во Синсинати, што навестуваше можно враќање во форма, Рун не успеа да го повтори својот добар резултат на УС Опен.

Натпреварот започна изедначено и двајцата играчи успеаја да го задржат својот сервис, се до резултат 2:2 во првиот сет. Рун успеа да спаси две брејк топки, но потоа дојде до пад во неговата игра. Накашима победи четири гема по ред и поведе со 1:0 во сетови.

Третиот сет беше највозбудлив. Рун почна да игра подобро, но сепак имаше проблеми со сервисот. Накашима имаше неколку брејк топки, но не можеше да ги искористи до седмиот гем, кога го направи решавачкиот брејк за да ја постигне победата.

Во следното коло Накашима ќе се соочи со Артуро Казо.

Холгер Руне беше потенцијален противник на Новак Ѓоковиќ во полуфиналето.

Трендинг

Exit mobile version