#ТРЕНД

Шон Пен помогнал 1,3 милиони луѓе да се тестираат бесплатно за коронавирус

Објавено на

Оскаровецот Шон Пен им помогнал на 1,3 милиони луѓе, бесплатно да се тестираат за корнавирус. Неговата организација „ЦОРЕ“ за помош при катастрофи, направила повеќе од милион тестови во изминатите пет месеци.

Организацијата која на почетокот имала само четири пункта во Лос Анџелес, само во првите недели од пандемијата во март, направила 6500 тестови. Сега истата оперира со 32 локации во Њујорк, Чикаго, Детроит, Њу Орлеанс и Вашингтон.

Очекувањата на Шон Пен на почетокот биле да се направат тестирања само во Лос Анџелес, во период од три месеци, но сега од организацијата планираат и дополнително проширување на активностите, особено во периодот кога се очекува ново засилување на пандемијата.

„Нашиот тим сега брои 900 волонтери и друг персонал. До 26 мај, во просек тестиравме 15.000 луѓе дневно во Лос Анџелес“, велат од „ЦОРЕ“.

Пен вели дека неговата организација е фокусирана на обезбедување бесплатни тестови за групи и заедници со ниски примања.

„Многу брзо регрутиравме луѓе во почетокот, зашто многумина сакаа да помогнат. Тие почувствуваа дека тука има енергија која може да направи вистинска промена“, изјави Пен.

Трендинг

Exit mobile version