Медиасет
Шпионска приказна што освојува: Шест сезони што се гледаат во еден здив
Љубителите на историските драми и шпионските трилери ја издвојуваат серијата „Американците“ („The Americans“) како едно од најдобрите телевизиски остварувања досега. Иако има шест сезони, многумина велат дека е идеална за маратонско гледање и дека, штом ќе ја започнат, не можат да престанат. Сите шест сезони во моментов се достапни на платформата „Дизни+“.Дејството на серијата е сместено во 1980-тите години, за време на администрацијата на американскиот претседател Роналд Реган. Во центарот на п