Медиасет.мк

#АНИМАВЕТ

Што сака да ви каже вашето куче?

Мојот живот трае од 10 до 15 години. Секоја разделба од тебе за мене е страдање. Размисли за тоа пред да ме земеш.

Сакај ме таков каков што сум, затоа што ти си ме бирал. Јас ја немам таа можност да ги бирам моите пријатели и господари.

Дај ми време за да сфатам што сакаш од мене. Пред да ме навредуваш за време на обуката, преиспитај се себеси, можеби грешиш или јас не можам да сфатам што сакаш.

Сакај ме, јас живеам од твојата љубов.

Не ми се лути и не ме казнувај. Ти сепак имаш своја работа, пријатели, забава, а јас те имам само тебе.

Зборувај со мене, иако тебе ти изгледа дека јас не те разбирам, сепак знам што мислиш и чувствуваш.

Знај дека јас не заборавам како се постапува со мене.

Размисли пред да ме удриш. Лесно можам да те гризнам, а јас не го правам тоа.

Не ме сметај за играчка додека сум мал и сладок, за подоцна да ме отфрлиш, затоа што мојата љубов кон тебе е вечна.

Грижи се за мене кога ќе остарам, кога ќе останам без заби, кога ќе оглувам, ослепак и кога ќе престанам да се движам. Староста е иста за сите.

Дојди со мене на моето последно патување. Немој да речеш: „Не можам да те гледам“ или „Нека се случи тоа во мое отсуство“. За мене сѐ е полесно со тебе.

Кога повеќе нема да бидам тука, не тагувај, туку усреќи некое ново куче и сакај го како што мене си ме сакал.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

На почеток
error: