Медиасет

Што значи новата икона со тајмер на Instagram сторис? Еве конечно објаснување

Објавено на

Доколку последниве месеци сте забележале мала икона со часовник во долниот десен агол на Instagram сторис и сте се запрашале што точно значи – не сте единствени. Илјадници корисници пријавија дека новиот симбол се појавува повремено, но без официјално објаснување од Instagram. Сега, сепак, е јасно што претставува оваа нова функција, пишува „Just Jared“.Иконата со тајмер е едноставно предупредување дека сторито што го гледате е пред истекување. Практично, Instagram ви сигнализира дека објавата се ближи кон крајот на своите 24 часа и наскоро ќе исчезне. Доколку го видите часовникот, тоа е знак да го изгледате или да реагирате пред да стане недостапно.Интересно е што тајмерот не се појавува на секое сторис кое е пред истек – што ги збуни корисниците околу критериумите по кои Instagram ја активира оваа икона. Според сегашните информации, платформата ја тестира функцијата постепено и сè уште ја нема имплементирано униформно кај сите профили.Instagram не дал официјална изјава, но корисниците коментираат дека ова предупредување е корисно – особено кога станува збор за важни информации или ограничени понуди кои лесно можат да се пропуштат.

Трендинг

Exit mobile version