Медиасет.мк

Медиасет

„Силјан“ е македонскиот кандидат за „Оскар“ за најдобар интернационален филм

Македонскиот филм „Силјан“, во режија на Тамара Котевска и продукција на „Конкордиа“ (Concordia), е избран како официјален кандидат на Македонија за наградата „Оскар“ во категоријата Најдобар интернационален филм.Одлуката ја донесе Комисијата за избор при Друштвото на филмските работници на Македонија, која е призната и одобрена од Американската академија за подвижни слики, уметност и наука. Во составот на комисијата беа: претседателот и продуцент Томи Салковски, продуцентката Лабина Митевска, режисерот Даријан Пејовски, продуцентката Марија Димитрова, кинематограферот Душан Кардалевски, првиот асистент на камера Марина Колоска, режисерот на анимиран филм Иван Ивановски, тон мајсторот Братислав Зафировски и авторот на филмска маска Горан Игњатовски. Одлуката беше донесена едногласно.Годинава, комисијата избираше меѓу три филмски остварувања: „Ди Џеј Ахмет“ на Георги Унковски во продукција на „Синема Футура“, „Силјан“ на Тамара Котевска во продукција на Concordia и „Планината не оди никаде“ на Петра Селишкар во продукција на Cinepaqe Production.При селекцијата, како што беше наведено, членовите на комисијата се воделе од синеастичката вредност на филмовите, моќта на нивните приказни, драматуршките и визуелните квалитети, како и од критичката перспектива што секое дело ја нуди кон актуелните општествени и политички состојби.Друштвото на филмските работници на Македонија има мандат за избор на националниот кандидат за „Оскар“ уште од осамостојувањето на државата, кога Американската академија за подвижни слики (AMPAS) го препозна како единствено релевантно тело за селекција и кандидатура на македонските филмови.фото: ФБ

На почеток
error: