Медиасет

Синер го победи Американецот и го освои Синсинати

Објавено на

Италијанскиот тенисер Јаник Синер ја освои титулата на Мастерсот во Синсинати.

Со победата над Саша Зверев во полуфиналето, Јаник Синер се зацврсти како број 1 на светската листа, а во финалето се почести со нов трофеј.

Синер го победи Френсис Тиафое со 2-0 во сетови за час и 36 минути игра, а резултатите беа 7:6, 6:2 за најдобриот играч на планетата.

За Синер ова е петта титула оваа година и тој е убедливо најуспешен тенисер на АТП турнејата, па на УС Опен ќе дојде како фаворит бидејќи ја зголеми предноста пред Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз.

Ѓоковиќ во 2024 година не освои ниту еден грен слем турнир, но успеа да освои златен медал од Олимписките игри во Париз.

Трендинг

Exit mobile version