Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Трендови

Синер може да стави крај на ерата на Ѓоковиќ, пријавен е и Надал

Медиасет.мк
пред 2 години

Организаторите на Мастерсот во Рим го објавија списокот на потенцијални учесници за 81. издание на тој турнир од серијата 1000.

Она што може да ја израдува тениската јавност е што меѓу пријавените е и рекордерот со 10 титули на „Форо Италико“ - Рафаел Надал.

Надал има заштитен пласман, но неговото појавување на листата не е гаранција за учество (што важи и за останатите), како што видовме неодамна пред почетокот на турнирот во Монте Карло. Шпанецот треба да се врати на турнирот од серијата 500 во Барселона, но по се што се случи, кој може да тврди дека тоа ќе се случи.

Освен тие двајца, тука се буквално сите најдобри тенисери во светот - Јаник Синер, Карлос Алкарас, Данил Медведев, Александар Зверев, Андреј Рубљов, Холгер Руне, Хуберт Хуркач, Григор Димитров, Каспер Руд, Алекс Де Минор, Стефанос Циципас. Ако сите ако играат, не очекува одличен турнир во Рим.

Кога се во прашање српските тенисери, пријавени се и Ласло Ѓере, Душан Лајовиќ и Миомир Кечмановиќ, додека Хамад Меѓедовиќ преку квалификациите ќе бара пат до главната ждрепка.

На овој турнир Јаник Синер би можел да му го преземе првото место на Ѓоковиќ. Италијанецот првпат ќе игра пред домашната публика во 2024 година. Во моментов разликата меѓу двајцата е нешто повеќе од илјада поени, а голем удел во тоа ќе имаат резултатите во Монте Карло. Секако, под претпоставка дека тоа не го прави прво на Мастерсот во Мадрид.

Титулата во Рим ја брани Данил Медведев, а наградниот фонд на турнирот кој се игра од 8 до 19 мај изнесува 7.877.020 долари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybnq97hl4vmin99qCnpH

Поскапото чоколадо и високите трошоци за живот ја намалија продажбата на слатки за Ноќта на вештерките во САД

Трендови | пред 5 дена

media-library1lst7gvjp1ig8RgZfA2

Есенски моден тренд: ресите повторно во центарот на вниманието

Трендови | пред 5 дена

media-library9n9v982j7samaFW6rCl

Три модерни јакни што треба да ги имате оваа есен и зима

Трендови | пред 1 седмица

media-librarypkss028kd08d4JmRspS

Истражување откри која генерација троши најмногу за уметност

Трендови | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања