Медиасет
Синер може да стави крај на ерата на Ѓоковиќ, пријавен е и Надал
Организаторите на Мастерсот во Рим го објавија списокот на потенцијални учесници за 81. издание на тој турнир од серијата 1000.
Она што може да ја израдува тениската јавност е што меѓу пријавените е и рекордерот со 10 титули на „Форо Италико“ – Рафаел Надал.
Надал има заштитен пласман, но неговото појавување на листата не е гаранција за учество (што важи и за останатите), како што видовме неодамна пред почетокот на турнирот во Монте Карло. Шпанецот треба да се врати на турнирот од серијата 500 во Барселона, но по се што се случи, кој може да тврди дека тоа ќе се случи.
Освен тие двајца, тука се буквално сите најдобри тенисери во светот – Јаник Синер, Карлос Алкарас, Данил Медведев, Александар Зверев, Андреј Рубљов, Холгер Руне, Хуберт Хуркач, Григор Димитров, Каспер Руд, Алекс Де Минор, Стефанос Циципас. Ако сите ако играат, не очекува одличен турнир во Рим.
Кога се во прашање српските тенисери, пријавени се и Ласло Ѓере, Душан Лајовиќ и Миомир Кечмановиќ, додека Хамад Меѓедовиќ преку квалификациите ќе бара пат до главната ждрепка.
На овој турнир Јаник Синер би можел да му го преземе првото место на Ѓоковиќ. Италијанецот првпат ќе игра пред домашната публика во 2024 година. Во моментов разликата меѓу двајцата е нешто повеќе од илјада поени, а голем удел во тоа ќе имаат резултатите во Монте Карло. Секако, под претпоставка дека тоа не го прави прво на Мастерсот во Мадрид.
Титулата во Рим ја брани Данил Медведев, а наградниот фонд на турнирот кој се игра од 8 до 19 мај изнесува 7.877.020 долари.