Медиасет
Синер продолжи таму каде што застана на УС Опен
Јаник Синер го одигра првиот меч по победата на УС Опен и продолжи таму каде што застана во Њујорк.
Италијанскиот тенисер и број еден во светот го победи Чилеанецот Николас Јари на стартот од турнирот во Пекинг – 4:6, 6:3, 6:1.
Натпреварот траеше речиси два часа.
Ова беше 13-та последователна победа за Италијанецот кој последен пат годинава беше поразен во Монтреал од Рублев. Оттогаш загуби само пет сета – Јари му одзеде еден.
Веќе во почетокот на вториот сет Синер ја презеде контролата, поведе со 3:0 и го насочи мечот во посакуваниот правец, а истото сценарио се виде и во решавачкиот сет – Јари немаше шанси.
Неуморниот Синер на ривалот му дозволи само една игра.
Во следното коло ќе се сретне со подобриот од мечот Штруф-Вавринка.