Медиасет.мк

#ТРЕНД

Синиша Михајловиќ откако се излечи од леукемија, позитивен на корона

Тренерот на „Болоња“, Синиша Михајловиќ, кој до неодамна беше на хемотерапија поради леукемија, сега е позитивен на коронавирусот, потврдија од клубот. Ова, велат, може да претставува голема опасност за неговото здравје.

Според клубот, Михајловиќ се вратил во Болоња од одмор во петокот и веднаш бил тестиран на Ковид-19. Тој не чувствува симптоми и следните две недели ќе ги помине во изолација според протоколот во италијанскиот фудбал.

51-годишниот Михајловиќ, кој е оженет со италијанската ТВ-презентерка Аријана Рапачони и со која има пет деца, лани во јули потврди дека има акутна леукемија, за која беше на три циклуси хемотерапија и на операција за пресадување коскена срж.

Младинскиот тим на „Болоња“ исто така бил тестиран и немало позитивни случаи, додека првиот тим ќе биде тестиран утре.

На почеток
error: