Медиасет.мк

#ФАЦИ

(ВИДЕО) „Игра“ нова песна на талентираната и млада пејачка Полина Тасева

Вчеравечер младата талентирана македонска пејачка Полина Тасева ја промовираше својата втора песна по ред насловена како „Игра“.

Својот прв авторски сингл ,,ИГРА” Полина ни го претставува со видео спот, во кој ни ја доловува својата енергичност, мистика и порака која вели – Следете си ги чувствата и впуштете се целосно во животот…со голема верба, љубов и искреност..!

Музиката и текстот се на Иван Петровски & Полина Тасева, аражманот е на Иван Петровски, а продуцент е Роберт Билбилов. На видеото се потпишува Владислав Гавриловски.

За потсетување, Полина ја знаеме од нејзината соработка со Tommy Tassev, кога во 2018 година се претставија на македонската музичка сцена со својот сингл ,,BROKEN”.

Слушнете ја нејзината нова песна.

Трендинг

На почеток
error: